You are currently viewing Повик за младинска размена во Бугарија!

Повик за младинска размена во Бугарија!

Волонтерски Центар Скопје бара 10 учесници (18-25 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена Green Point во Бугарија.

Место: Кранево, Бугарија
Датум: 03.09 – 09.09.2023

За проектот:
Проектот „GREEN POINT” ќе се фокусира на подигање на свеста на младата генерација, дебатирајќи за климатските промени, разговарајќи за поспецифични решенија и алтернативни практики за различни проблеми со животната средина и загадувањето.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Art Way

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.