You are currently viewing Повик за волонтер во Хрватска!

Повик за волонтер во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity for Green Dalmatia“ во Хрватска.

Место: Сплит, Хрватска
Период: февруари – октомври 2024

За проектот:

„Solidarity for Green Dalmatia 2023“ (Солидарни за зелена Далмација) ќе собере 3 долгорочни волонтери во Сплит и ќе ги вклучи во 4 активности поврзани со заштита на животната средина и одржлив развој:

  • Организирање и спроведување на едукативни активности за да се донесат позитивни промени во заедницата:
  • Поттикнување на активно учество преку развој на комуникациски материјали, нивно споделување и работа на социјалните мрежи
  • Обединување на локалната заедница преку организирање на јавни зелени настани (изложби, јавни прослави, велосипедски тури итн.)
  • Понатамошно позеленување на проектните и програмските активности на “Sunce” засновани на истражувањето за најдобрите достапни еколошки практики и промоција на резултати.

Повеќе информацииИнфопакетот

Проектен партнер: Association for Nature, Environment and Sustainable Development Sunce

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по хрватски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 26.11.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.