You are currently viewing Повик за волонтери во Аруба!

Повик за волонтери во Аруба!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на краткорочен или долгорочен ЕСК-проект „ESC volunteering in Aruba“.

Место: Оранјестад, Аруба
Почеток: февруари 2024 (2 или 3 месеци)

За проектот:
Волонтерите ќе имаат активности во EU Projects Aruba или ArubaDoet (во зависност од нивните интереси). Активностите ќе се бидат:

  • Во ЕУ Проект Аруба – помош во спроведувањето на проектите Еразмус+ во Аруба (логистичка поддршка, администрација, социјални медиуми)
  • Во ArubaDoet – помош во спроведувањето на 2-дневна волонтерска акција на целиот остров (промоција, документација, социјални медиуми)

Повеќе информации: ТУКА

Проектен партнер: CEDE Aruba

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 1500 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и џепарлак се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 26.11.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.