Дигитално радио на заедницата за вклучување и различности кај младите: Поткасти

Развивање вештини за користење радио и паметни телефони за да се крене гласот и да се унапреди позицијата во општеството беше целта на младинската размена што се одржи во Љубојно, Македонија од 22-28.08.2024. Дваесет млади и младински работници од Македонија, Исланд, Белгија и од Данска ги истражуваа минатото, сегашноста, митовите, звуците, обичаите и традицијата на…

0 Comments

Добредојде Фуркан од Турција!

Здраво, здраво. Јас се викам Фуркан и имам 23 години. Доаѓам од Коња, Турција. Студирам компјутерско инженерство (трета година) на Универзитетот KTO Karatay во Коња. Сакам да креирам нешта преку најновите технологии. Ова е моето прво искуство со програмата „Еразмус+“. Некогаш, пред да дојдам тука во ВЦС, доброволно се пријавив да подучувам Scratch за деца…

0 Comments

Добредојде Сулејман од Турција!

Здраво. Јас се викам Сулејман, доаѓам од Турција и живеам во Анкара. Имам 21 година и студирам индустриски инженеринг на Универзитетот „Хачетепе“. Член сум на волонтерски клуб на универзитетот и учествувам на меѓууниверзитетски настани. Одговорен сум за комуникација, насоки и обезбедување информации за настаните. Сакам да читам книги, да гледам филмови, да запознавам нови места…

0 Comments

Добредојде Берфин од Турција!

Здраво и Мерхаба! Јас сум Берфин, имам 22 години, доаѓам од Турција и првпат сум во странство преку проект од програмата „Еразмус+“. Иако по потекло сум од Денизли, сепак, врските што ги создадов, искуствата што ги имав и спомените што ги создадов во Анкара навистина ме прават да се чувствувам како да припаѓам таму. Студирам…

0 Comments

Повик за обука во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “UNITY CANVAS: Collective Art for Wellness & Awareness” во Франција. Место: Дордоња, Франција Датум: 29.04 – 6.05.2024 За проектот: Обуката ќе собере 20 младински работници поддржани од 3 обучувачи кои преку работилници ќе презентираат различни пристапи за дизајнирање и олеснување…

0 Comments

Годишен извештај 2023

Дозволете да пропатуваме низ 2023 година преку ВЦС! Наполнивме 18 години, а повеќе бројки ќе најдете на страниците на нашиот Годишен извештај. Уште една година бевме домаќини на меѓународни волонтери и практиканти кои учествуваа во различни активности во Скопје (и пошироко). Бевме партнери во повеќе локални и меѓународни проекти низ Европа и ги испраќавме нашите…

0 Comments

Запознајте го Жул од Франција!

Да, знам, сигурно ќе речете: „Уште еден француски волонтер во ВЦС, до кога веќе?“. Претпоставувам, уште долго. Здраво на сите, моето име е Жул, имам 22 години и ќе бидам тука во ВЦС во следните 3 месеци преку програмата „VET“. Моето поле на работа е снимање филмови, така што ќе снимам видеа за социјалните медиуми…

0 Comments

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „За да успееш треба да учиш“

Ете полека измина и првиот (може да го наречеме меден) месец од мојот волонтерски ангажман овде во Арад, Романија. И сега веќе време е за привикнување, соочување со предизвиците и учење. Прилагодувањето и предизвиците кои ги носи тоа се составен дел од секое ново искуство, особено кога одиш некаде во странство на подолго време и,…

0 Comments

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Rural Youth Festival 3.0” во Романија. Место: Извоареле, Романија Датум: 7.07 - 30.08.2024 (7 недели) За проектот: „Rural Youth Festival 3.0“ е проект за тимско волонтирање, во кој 40 волонтери ќе се соберат да овозможат разновидни културни и образовни активности и да помогнат во…

0 Comments

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Summer Time Fun” во Романија. Место: Извоареле, Романија Датум: 15.05 - 30.06.2024 (7 недели) За проектот: Тим од 18 меѓународни волонтери ќе подготви 7-неделни забавни активности во село со кино претстави на отворено, работилници и игри во три младински центри (од кои едниот…

0 Comments

Повик за волонтер во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Jump to life” во Романија. Место: Рамницу Валчеа, Романија Датум: 3.06.2024 – 3.04.2025 (10 месеци) Повеќе за проектот: „Jump to life“ е волонтерски стаж од 10 до 12 месеци во која AIDE нуди неформални активности во реонот околу Валчеа…

0 Comments

ВОИСЕС април 2024

Со оглед на тоа што април е вториот месец на пролетта - цвеќињата почнуваат да цветаат, а дрвјата стануваат зелени. Мајката природа полека, но сигурно оживува додека се отвораат пупките на растенијата. Така настанало и името на месецот април, бидејќи на латински „aperire“ значи „да се отвори“. Април е месец на раѓање на цвеќињата маргаритка…

0 Comments

Запознајте го Жоаким од Франција!

Здраво! Јас се викам Јоаким, имам 19 години и доаѓам од Сент, град во близина на Бордо, Франција. Дојдов тука во Скопје и во Македонија за да стекнам искуство преку пракса во ресторанот „Рагуза 360“. Креирам музика и сакам тоа да ме води низ животот. Не зборувам да бидам музичар, туку би сакал да можам…

0 Comments

Добредојде за Аугустин од Франција!

Здраво, јас сум Аугустин, имам 26 години и доаѓам од Марсеј, град на југот од Франција. Се приклучив во Волонтерски Центар Скопје како дел од мисијата на Француската граѓанска служба (French Civic Service). Ова е моето прво странско волонтерско искуство, а ВЦС го одбрав поради разновидните прекрасни проекти на организацијата. Студирав Јавна комуникација на северот…

0 Comments

Повик за волонтер во Чешка!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC Luzanky” во Чешка. Место: Брно, Чешка Датум: 15.09.2024 – 14.09.2025 (12 месеци) Повеќе за проектот: Центарот за рекреација Лузанки (SVC Luzanky) е спремен да биде домаќин за волонтери на некои од следните позиции: Lidická – Art Department Liška – centre of…

0 Comments

Запознајте го Артур од Франција!

Здраво луѓе, јас се викам Артур, имам 23 години и доаѓам од Бордо, Франција. Да бидам искрен, бев невработен пред да дојдам тука во ВЦС, преку програмата „Еразмус+“. Се разбира, тоа е ситуација и состојба што лесно може да се промени, имајќи ги превид бројните можности и активности. Така ги гледам работите и така дојдов…

0 Comments

Добредојде Берна од Турција!

Здраво, јас сум Берна. Имам 20 години и доаѓам од Турција. Ова е мој прв проект поврзан со програмата „Еразмус+“. Студирам економија на прва година на Универзитетот Галатасарај во Истанбул. Студирам економија на француски јазик и тоа е сосема нова перспектива. Ова, исто така, ми помага да добијам поевропска гледна точка околу мојата специјалност. Не…

0 Comments

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект “Building a More Inclusive Universo” во Италија. Место: Болоња, Италија Период: мај 2024 - октомври 2024 година (6 месеци) За проектот: Волонтерите ќе се вклучат во запознавање со италијанскиот јазик и култура, курсеви за странски јазици, работилници за комуникација, промоција на Еразмус+, лични…

0 Comments

Повик за волонтери во Луксембург!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Discover Luxembourg 2.0”. Место: Луксембург Датум: 4.06 – 4.07.2024 (4 недели) За проектот: Главниот фокус на овој проект е инклузијата. Преку планираните активности учесниците ќе го научат разбирањето на инклузијата на лицата со попреченост и како може да се живее. Друга цел…

0 Comments

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект “ESC in Reggio Emilia” во Италија. Место: Реџо Емилија, Италија Период: септември 2024 – септември 2025 година (12 месеци) За проектот: Волонтерите ќе се вклучат во активности како: Имплементација на Еразмус+ проекти Јазична тандем поддршка за локалното население во Реџо Емилија Активности за…

0 Comments