Нашиот месечен магазин има многу едноставна, но моќна мисија – да биде гласот на младината. И како го правиме тоа?

Ги охрабруваме младите да бидат активни во денешното општество преку новинарство и дизајнирање со тоа што им се дава платформа да се изразат себеси. „Воисес“ се објавува секој месец онлајн и четири пати годишно како печатено издание.

Ние имаме пишувачи и преведувачи од секаде кои придонесуваат во магазинот, иако „Воисес“ е главниот проект за волонтерите на интернационалниот Европски Солидарен Корпус. Тие го креираат секое издание од почеток, од планирањето на темите до пишувањето на статии, до дизајнирањето и дистрибуирањето на магазинот. Бидејќи волонтерите секогаш се менуваат, ова 15-годишно патешествие беше полно со различни националности и карактери – и тие промени се прикажани во магазинот. Вратите се отворени за сите вас независно од професионалните вештини или искуството.

Се започна во 2006 година кога првиот „Воисес“ беше испечатен. Она што започна како едноставна соработка со средното училиште „Др. Панче Караѓозов“ е сега целосна причина за волонтерите да дојдат во Македонија за да ги зајакнат своите капацитети и да научат нови вештини. Новинарството и дизајнирачките вештини се клучните вештини кои „Воисес“ продолжува да ги предава на младите луѓе, како и мултикултуролошкото учење.  Поминаа 15 години, но ние се уште се држиме до првенствената мисија на „Воисес“ – магазин кој ги крши стереотипите во општеството и донесува можности за младите луѓе.

Приклучете се на тимот на ВОИСЕС!

Сакате да ни се придружите? Секогаш бараме нови пишувачи и преведувачи! Почнете со нашите основни работилници за новинарство и дизајн за да ги зајакнете своите вештини. Ги охрабруваме и уметниците и фотографите да ги прикажат своите дела во магазинот. Пишете ни на vcs.sending@gmail.com

Пишувајте статии

ВОИСЕС прифаќа статии за секоја тема и стил, освен за политика и говор на омраза. Креирајте ги вашите идеи со нас и пишувајте статии еднаш, двапати или секој месец. Види го водичот за пишување тука

Преведување на статии

Во ВОИСЕС се пишува на три јазици: македонски, англиски и албански. Ако ги зборувате овие јазици течно, приклучете се на нашиот тим на преведувачи.

Објавување на вашите дела

Ако сте уметник, фотограф, дизајнер или друго, вашите дела можат да бидат објавени во магазинот. Испратете ни го вашиот метод на уметност и ваша кратка биографија!

Нашиот нов поткаст нуди интересни содржини за сите низ светот. Сите епизоди се на англиски јазик и се достапни за сите.

Повеќе епизоди на:

Кој стои зад сето ова?

Нашите волонтери! Младите луѓе што го креираат магазинот и поткастот на „Воисес“ доаѓаат од различни европски држави и својот волонтерски проект го реализираат во Скопје.

...со поддршка на нашиот тим.

Нашиот персонал има умешност и знаење да им ги подобрат вештините на волонтерите и да ги доразвијат нивните капацитети. Ништо не мора да се знае однапред, се може да се научи!

Селина, дизајнерка

Горан, новинар