You are currently viewing ВОИСЕС Мај 2021

ВОИСЕС Мај 2021

Еј, Мај е!

Што мислите за мај? Не е некој многу посебен месец, нели? Дали знаете дека во ниту еден друг месец од годината, првиот и последниот ден од месецот никогаш не се повторуваат? На пример, доколку 1 мај е во сабота, во ниту еден друг месец од годината, „први“ нема да се „падне“ во сабота? Мај е месец полн со промени. Во мај климата се менува, општеството се менува, нашиот мозок се менува, чувствата се менуваат, луѓето се менуваат, главниот актер од омилената серија на „Нетфликс“ се смени, ние се менуваме, вие се менувате, јас се менувам и вие повторно се менувате. Можеби треба да го смениме почетокот на годината во 1-ви мај. Тоа би бил барем уникатен работен ден за почеток. Или уште подобро, треба веднаш да го смениме нашиот концепт за времето. Како и да е, оваа глупост „почеток и крај“ станува вознемирувачка. Нема ништо како почеток или крај, ние сме премногу примитивни за да го сфатиме тоа. Но, не во мај, во мај сме паметни и забораваме на се што мислевме со цел да не се чувствуваме изгубени во ова заканувачко место што го нарекуваме свет. Светот се менува во мај!

Можеби мај ќе нè ослободи. Можеби мај не е ништо друго освен изговор. Можеби мај започнува со читање напис што ќе ве инспирира! Можеби мај ќе биде почетокот на вашата година.

Дозволете ова мајско издание на „Воисес“ да биде со вас!

Кристофер Махолд

ВОИСЕС Мај 2021 PDF