Име: Јанис
Земја: Латвија
Времетраење на проектот: 13/11/2012- 13/11/2013 Здраво на сите, моето име е Јанис и доаѓам од малата балтичка држава Латвија (тоа е во средината помеѓу Естонија и Литванија, Французите ја нарекуваат Lettonie). Ги завршив додипломските студии по новинарство па еве сум сега во Скопје и со нетрпение чекам да го применам знаењето во пракса, како и да стекнам нови знаења и најважно од се – искуства. Ми беше големо задоволство да учествувам во претходни меѓународни проекти и ЕВС ми изгледаше како логично продолжување на големите нешта што животот ги нуди пред да станам премногу стар за вакви работи. Македонија и Скопје, според моите претходници, и луѓето кои што биле тука, обично е опишано како интересно место кое ти го одзема здивот што дефинитивно вреди да се посети. Има по нешто и од европската модернизам и од балканското историско наследство што го прави одлично место за истражување. Никогаш порано не сум бил на Балканот, па од многу работи останав вџашен од изненадување при првото разгледување тука. Сигурен сум дека ќе уживам во оваа прекрасна земја и со отворени луѓе наоколу и со нетрпение очекувам да помогнам во развојот на проектот “ВОИСЕС” и да биде што е можно поодличен за сите волонтери и организатори тука. Иако јас сум повеќе заинтересиран за новинарскиот дел од проектот, отворен сум и за други активности исто така. Како што ќе бидам тука на едно годишен проект, тоа е исто така добра мотивација да го научам и локалниот јазик кој е секогаш интересен процес и можеби ќе ми биде корисен и во иднина.