Име: Сане
Земја: Холандија
Времетраење на проектот: 05/11/2012 – 05/07/2013 Моето име е Сане и доаѓам од Холандија, поточно од Гронинген, град во северниот дел. Решив да одам на ЕВС бидејќи еден мој пријател кој беше во Скопје пред две години ми го препорача. Се чинеше како единствена шанса да избегам од секојдневниот живот на некое време, да запознаам нови луѓе и да стекнам многу нови искуства. Во текот на моите студии многу патував низ Источна Европа, но некако никогаш не успеа да го посетам Балканот. Сепак секогаш имав амбивалентна слика за ова место во мојата глава, од една страна историски со конфликти и војни, а од друга енергична место со многу боја, музика и танц. Мислам дека моето време тука ќе ме научи која е реалноста. Она што ме привлече мене во овој сервис е дека тоа е голема шанса да се подобрат моите вештини за пишување на англиски, како и да научам како се дизајнира списание и работа во тим. Згора на тоа мислам дека е одлично да се запознаат, а всушност и да им се помогне на локалните деца преку различни проекти на ВЦС.