Овие две недели нашиот ЕВС волонтер од Франција – Максим, изработува Графити посветени на децата кои се згрижени од страна на центарот за социјални иницијативи “Надеж” и на дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Првиот Графити цртеж е готов, се наоѓа во Надеж и изгледа неверојатно, можете да погледнете на сликите. Со нетрпение чекаме да го видиме крајниот резултат – следната недела.
Волонтерски Центар Скопје соработува со Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ и дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари веќе неколку години. Преку организирање хуманитарни акции и обезбедување волонтери целиме да им обезбедиме што посреќно детство на овие дечиња кои живеат на маргините на општеството.