Здраво, се викам Чаан и доаѓам од Турција. Живеам во Истанбул со години. Студент сум по медицина и штотуку влегов во четвртата година.
Кога станува збор за моите хобија надвор од медицината, отсекогаш ме интересирала историјата и апсолутно обожавам да играм шах. Уживам да запознавам нови луѓе, бидејќи тоа ја поттикнува мојата љубопитност и ме тера да сакам да откривам повеќе. Исто така, верувам дека имам силно чувство за себеистражување. Мислам дека ова доаѓа благодарение на мојата љубопитност за светот, па затоа сакам да откривам нови места и да доживувам нови средини.
Освен ова, навистина уживам да слушам музика и убеден сум таа има моќен ефект врз човечките емоции. Верувам дека, кога се користи на вистински начин, музиката може да има позитивно и корисно влијание врз луѓето.
Има уште нешто што би сакал да кажам: Ако се борите со нешто, едноставно обидете се да ја промените вашата перспектива кон тоа. Ништо не е невозможно. Никогаш не губете надеж. Додека верувате во себе, нема нешто што не можете да постигнете. Сè има решение. СÈ.
Чаан
Организација-испраќач: Avrupa Birliği Çalışmaları Merkezi Derneği
