You are currently viewing Повик за младинска размена во Шпанија!

Повик за младинска размена во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „VIVEKAS: Youth participation through sports from an inclusive perspective“ во Шпанија.

Место: Ваљадолид, Шпанија
Датум: 15.07 – 23.07.2026

За проектот:
Проектот се фокусира на подобрување на ставовите кон различноста во европската младинска заедница преку користење на спортот и физичката активност како алатка за активно вклучување.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: ASPAYM Castilla y León

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 395 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 7.06.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.