You are currently viewing Тимско волонтирање во Полска!

Тимско волонтирање во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „European Neighbourhood Courtyards” во Полска.

Место: Гдањск, Полска
Датум: 15.06 – 06.07.2026 (21 денови)

За проектот:

Бараме пријателски настроени и отворени лица кои сакаат да помогнат, да го запознаат Гдањск и не се плашат да разговараат и да работат со други луѓе.
Во јуни 2026 година, Гдањск ќе биде домаќин на меѓународен состанок на претставници од влади, финансии и бизнис, фокусиран на економска соработка и инвестиции.

Улогата на волонтерите ќе биде логистичка поддршка на гостите, вклучително и организациска помош и координација на нивниот престој на локацијата.

Исто така, ни требаат лица кои се подготвени да помогнат во парковите од заедницата, како што се поправка на градинарски мебел, средување на тревата и извршување на други физички задачи.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Regionalne Centrum Wolontariatu w Gdańsku

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 27.05.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.