You are currently viewing Повик за волонтери во Шпанија!

Повик за волонтери во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „La Víbria Intercultural“ во Шпанија.

Место: Тераса, Шпанија
Период:
септември 2026 – август 2027 (11 месеци)

За проектот:

  • Проект 1: Младинска работа, културна динамика и радио

1 волонтер: Ќе помагате во организирање и водење активности што ги поврзуваат луѓето и ја промовираат различноста. Ќе работите на радио емисија каде што можете да ги презентирате своите идеи и на локални радио-настани.

Повеќе информации | Аплицирајте тука

  • Проект 2:  Визуелна комуникација и младинска работа

2 волонтера: За подобрување на визуелната комуникација! Еден со познавање на графички дизајн и еден за управување со заедницата, кои ќе помогнат во промоција на проектите и активностите на креативен и ангажирачки начин.

Повеќе информации | Аплицирајте тука

Проект 3: Меѓународни проекти за мобилност и младинска работа

1 волонтер: За поддршка на мобилноста и активностите! Ќе помагате во промоцијата на можностите и ќе учествувате во креирање и водење и на меѓународни младински проекти и на локални активности. Исто така, ќе работите со неформално образование.

Повеќе информации | Аплицирајте тука

 

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: La Víbria Intercultural

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 309 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

 

Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 15.06.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.