Здраво,
Јас сум Мехмет, имам 24 години и доаѓам од Турција. Дипломирав авионско инженерство, а потоа почнав да работам во одбранбената индустрија. Додека работев, во еден момент посакав да го сменам животот и да одам во странство, па затоа дадов отказ.
Јас сум љубопитен човек и сакам да запознавам различни земји и култури. Исто така, сакам да го подобрам моето познавање на англискиот јазик (и другите што се зборуваат во нашето ВЦС-семејство), па затоа ми е преубаво што сум во Волонтерски Центар Скопје.
Сакам да ја споделам мојата страст за воздухопловството со моите пријатели-волонтери и да пишувам статии за технолошките предности и недостатоци.
Една од причините зошто ја одбрав Македонија е бидејќи прочитав неколку историски книги за неа и се фасцинирав.
Пристигнав тука пред неколку дена. Веќе сум бил во странство, па затоа сакам и повеќе. Мило ми е што ги запознав другите странски волонтери во ВЦС. Сите тие се услужливи, љубезни и добри луѓе. Овде ќе бидам два месеци и се надевам дека овој проект ќе ми помогне да ги согледувам нештата од поинаква перспектива, а потоа и да ја развивам мојата кариера.
Мехмет Јуџедаг
Организација-испраќач: Avrupa Birliği Çalışmaları Merkezi Derneği
