Здраво, се викам Пјотр и доаѓам од Ополе, Полска.
Ги завршив магистерските студии по економија. Сега го истражувам мојот возрасен живот. Мислам дека е совршено време за волонтирање. Пред да дојде време за работа, деца и хипотека.
Обожавам да истражувам нови земји и култури. Се надевам дека мојата посета на Македонија и патувањата во соседните балкански земји ќе ми покажат поинаков начин на живот и ќе ми отворат нова перспектива.
Во балканските земји има многу вкусна храна. Сакам да научам нови рецепти и да се обидам сам да ги готвам. На овој начин можам да понесам со мене дел од Македонија кога ќе се вратам во Полска.
Сакам да ја доживеам овдешната култура, уметност и историја. Учењето за подемите и падовите, просперитетот и сиромаштијата може да биде добра лекција за тоа како да се однесуваме и што да очекуваме.
Ќе бидам тука два месеци. Сакам да го поминам ова време на квалитетен начин. Да не го трошам животот. Уникатните искуства го продолжуваат животот. Рутината прави времето да „лета“ кога секој ден е ист.
Голема благодарност до Europa Iuvenis и до ВЦС за оваа можност. Вашите организации се најдобри и одлично ја вршите работата. Среќен сум што можам да бидам дел од тоа.
Ви посакувам на сите прекрасен ден!
Пјотр Муха
Организација-испраќач: Europa Iuvenis
