Здраво! Јас сум Пол, од Франција сум и штотуку наполнив осумнаесет години во септември!
Откако завршив средно училиште, бев целосно изгубен во врска со тоа што сакам да правам наредно и што сакам да студирам.
Живеев во мал град, па постојано се гледав со истите луѓе. Очигледно ми требаше свеж воздух, ми требаше да запознаам нови луѓе, да стекнам нови пријатели, да запознаам нова култура…
Конечно, патот ме донесе во Македонија и многу ми е мило што ветерот ме понесе во оваа насока!
Ги сакам сите видови спортови: фудбал, тенис, одбојка, фризби, планинарење…
Сакам да научам за историјата, културите, местата, јазиците и храната во земјата во која одам. Македонија дефинитивно има многу богата историја и нема дури ни иста азбука како мојата – тоа ќе биде предизвик за мене да го научам јазикот.
Пристигнав само пред два дена, но веќе можам да почувствувам дека оваа земја ќе биде како мој дом во следните неколку месеци. Веќе запознав луѓе кои беа многу љубезни и многу гостопримливи. Исто така, се запознав со другите волонтери со кои, од првите секунди, знаев дека ќе се чувствувам одлично!
Се запознав со ВЦС семејството кое ми остави впечаток како да ги познавам веќе долго време.
Ајде да видиме што ќе донесат наредните месеци!
Пол Гумо
Организација-испраќач: Hors Pistes
