Петмина претставници на Волонтерски Центар Скопје, Бојан, Матео, Дарја, Дамјан и Матеа, учествуваа на младинската размена за проектот: „When sorrow turns to pain“ што во периодот од 11-21 ноември се одржи во Сарата Монтеору – Бузау, Романија. Целта на проектот беше да се зголеми свеста на младите за проблемите создадени од дискриминација на малцинствата и да се развие нивната почит кон инклузијата и различноста преку нови креативни методи.
Учесниците создадоа едукативна содржина што се занимава со различни прашања како што се сајбер малтретирање, дискриминација, љубовни или семејни проблеми.
