You are currently viewing Повик за младинска размена во Словенија!

Повик за младинска размена во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Anyone can sit with me!“ во Словенија.

Место: Велење, Словенија
Датум: 19.09 – 27.09.2024

За проектот:
Дали имате страст за правење разлика и создавање побезбедна онлајн средина за вашите пријатели? Со учество во проектот: “Anyone can sit with me!”, ќе помогнете да се развијат решенија за заштита на младите луѓе од онлајн-насилство и физички закани, притоа стекнувајќи драгоцено искуство и вистинско влијаниење врз менталното здравје.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Mladinski center Velenje

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 03.07.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.