You are currently viewing Повик за младинска размена во Франција!

Повик за младинска размена во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (15-17 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Landscaping in Vaunières“ во Франција.

Место: Воњерс, Франција
Датум: 9.08 – 21.08.2024

За проектот:
Воњерс, Франција е историско мало место, кое сега е управувано, анимирано и реновирано од здружението Les Villages des Jeunes. Таму ќе запознаете луѓе од секаде, ќе дознаете за проектот на здружението и ќе бидете поканети да учествувате во самите активности!

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Solidarités Jeunesses

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 9.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.