You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бараволонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “Eastern Partnership Volunteering Program” во Романија.

Место: Букурешт, Романија
Период: јануари – јуни 2024 (5 месеци)

За проектот:
Секој месец, тимот на COSI ќе избере тема, согласно со календарот на ОН, поврзана со човековите права, солидарност, волонтерство, активно граѓанско учество, инклузија, меѓукултурно прифаќање, толеранција и сл. Организирање активност од минимум 7 минути како настан, работилница, обуки, креирање на содржини за видеа, постери, упатсва, брошури и сл.

Интеркултурни вечери: Секој волонтер ќе организира интеркултурна вечер во која ќе ја претстави својата земја. Во текот на една или повеќе кампањи, облека, храна, средства за хигиена, школски прибор и за други основни потреби ќе бидат дистрибуирани на бездомници, фамилии со помалку можности, сиропиталишта и други. Промовирање на човековите права, почитување на различностите и толеранција, инклузија и борба против стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Повеќе информации: Инфопакетот

Проектен партнер: ”Civic Orientation And Social Integration”

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по романски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.