You are currently viewing Добредојде Ерен од Турција!

Добредојде Ерен од Турција!

Доколку треба да се идентификувам само со една работа, тоа веројатно ќе биде водата. Организам кој може да биде се.

Јас сум Исмаил Ерен Демиртекин, доаѓам од Анкара, Турција и имам 22 години. Чувствувам дека сум во средината на мојот долг живот. Среќен сум затоа што се среќавам и го споделувам мојот живот со луѓето што никогаш не сум ги сретнал. Животот е навистина краток за да се биде тажен, но навистина е долг за да се биде среќен. Претпоставувам дека сум на работа што навистина ми се допаѓа. Мајка ми еднаш ми рече дека ако работиш на место што ти се допаѓа, никогаш нема да работиш на тежок начин и беше во право. Како и секогаш.

Секогаш трчам по работите што ги сакам во мојот живот и всушност сум упорен да го правам тоа. Но, претпоставувам дека научив што сакам на овие улици од мојот живот. Сакам само да бидам среќен и сакам да собирам приказни за да им ги раскажувам на моите деца. Денеска ми е трет ден во Македонија, но чувствувам дека овде ќе доживеам скапоцено искуство за време на мојот шестнеделен ЕСК-проект.

Ерен Демиртекин

Ерен го реализира својот краткорочен ЕСК-проект во Скопје. Ќе биде волонтер во ВЦС 6 недели.

Организација-испраќач: EU Activities Center