Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтера (18 – 30 години) за учество на долгорочни ЕСК-проекти: “Carpe Diem” во Хрватска.
Место: Карловац, Хрватска
Период: што е можно поскоро – 01.01.2024 (10 месеци)
Април 2023 – 01.01.2024 (8 месеци)
За проектот:
Активностите во Младинскиот Центар се фокусирани на интересите и потребите на младите луѓе од локалната заедница, дигитално и неформално образование потребно за младинска работа и интеркултурни, меѓународни и европски вредности. Волонтерот ќе припрема и спроведува активности/работилници врз основа на неговите и интересите на локалните млади, како и давање информации на групи млади луѓе, онлајн или лично, потоа интерактивни работилници и кутурно-уметнички активности.
Активностите во Инфо Центарот се темелат на еднакви можности за младите од локалната заедница, европски младински цели, демократско и граѓанско вклучување на младите, европска припадност и информирање за Еразмус и ЕСК волонтерски проекти. Волонтерот ќе ги промовира Еразмус и ЕСК волонтерските можности преку социјалните медиуми и преку дигитални или презентации во живо, ќе креира промотивни и информациски видеа, подкаст за младинското учество во демократските процеси.
Повеќе информации: ТУКА
Проект партнер: Carpe diem
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по хрватски јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 10.02.2023
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.