Бојана, Марина, Марта и Маријана го претставуваа Волонтерски Центар Скопје на обуката за проектот: „Social Media Support for NGO’s“, што од 10 до 16 август се одржа во Лублин, Полска. Ги споделуваме нивните впечатоци:
„Сите сме свесни дека поминуваме премногу време на социјалните мрежи, па зошто да не го претвориме ова во нешто позитивно? Се чини дека некои луѓе веќе го направија тоа. Тие луѓе се сретнаа во Насутов и го споделија своето знаење за маркетингот на социјалните медиуми.
Насутов е живописно место на 20 минути оддалеченост од популарниот студентски град Лублин во Полска. Јас и учесниците на обуката немавме проблем да се прилагодиме на зеленилото што го опкружуваше домот и свежиот воздух што ни беше потребен по долгото патување.
Почнавме на 10 јули, денот беше возбудлив бидејќи учесниците се запознаваа меѓусебно. Домаќините се погрижија сите да се чувствуваме удобно додека игравме различни игри со цел да се запознаеме подобро. До крајот на денот, откако ја разгледавме програмата, сите знаевме по неколку интересни работи еден за друг. Следните денови беа исполнети со забавни активности во кои сите учесници можеа да ги споделат своите вештини за маркетинг на социјалните мрежи и, секако, да учат еден од друг. Недела беше за истражување на прекрасниот Лублин, јадење традиционална полска храна и купување сувенири. Обуката беше информативна, практична и најдобриот дел беше што сите учевме еден од друг. Научив дека младите се повеќе од подготвени да вложат труд за да ги постигнат своите цели, а социјалните мрежи се практичен начин да се сподели визија. Слушајте ги младите, тие имаат извонредни идеи“.
Бојана Невеселов
Партнер на проектот: Sempre a Frente