You are currently viewing Повик за обука во Полска!

Повик за обука во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (20+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на oбуката за проектот “Social Media Support for NGOs” во Лублин, Полска.

Место: Лублин, Полска
Датум: 10.08 – 16.08.2022

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Sempre a Frente

За проектот:
“Social Media Support for NGOs” е обука што одговара на најактуелните потреби на младинските работници. Вештините стекнати за време на проектот ќе им помогнат на младите работници подобро да ги разберат динамичните променливи трендови во социјалните медиуми, да ја подобрат видливоста и квалитетот на споделената содржина и да ги зајакнат концептите на дигитална младинска работа и онлајн активизам.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 26.06.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.