You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (17-25 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „INFOPRENEUR IN POSTPANDEMIC ERA“ во Романија.

Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 05.10 – 14.10.2022

Целта на проектот е да се зголеми претприемачкиот потенцијал на невработени млади лица и лица кои не се во образованието, вработувањето или обука за иницирање и развој на “зелени“ бизниси:
1. засилување на креативниот и претпримачкиот дух на невработени и лица кои не се во образованието, вработувањето или обука за започнување на “зелени“ бизниси
2. развивање на невработени млади личности и лица кои не се во образованието, вработувањето или обука од годиште 17-25 за нови лични, граѓански, дигитални и претприемачки вештини
3. зголемување на капацитетот на млади да капитализираат на иновативнни претприемачки идеи преку градење и спремање со спроведба на “зелени бизнис идеи”

За повеќе информации:  ТУКА

Партнер на проектот: HAIR REDIVIVUS BUZAU, ROMANIA

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 5 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 28.08.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.