Здраво!
Јас сум Мари, од Келн, Германија, каде го поминав најголемиот дел од детството и младоста. Иако мојот престој во ВЦС и Македонија не е прв долгорочен во странство, сепак, е највозбудливиот. Кога имав 15 години, имав можност да престојувам во училишниот интернат близу Лондон и освен тоа, сите останати меѓународни искуства ми се сведуваат на одмори и прошетки, како на пример во Исланд (каде поминав цели две недели во комбе – најефикасната можна опција), потоа Централна Европа или Мароко со воз, автобус или во автомобили со блиски луѓе.
Во слободно време, се дружам со пријатели и фамилијата, најчесто на кафе, на езеро или гледам филмови. Минатата зима, учев јапонски јазик, бидејќи слабост ми се јапонски и корејски филмови и серии, но сепак моментално, повеќе време поминувам во читање книги.
Со нетрпение чекам да почнам да ја истражувам Македонија од секој аспект, особено културата, јазикот и храната. Последниве денови имав можност да сретнам повеќе љубезни и топли луѓе кои постојано сакаат да ви помогнат, дури и кога не бараш, или не пропуштаат прилика да те поздрават. Сигурна сум дека ова ќе ми го разубави мојот престој овде и ќе настојувам да возвратам на тоа, таква е основата на секој однос со луѓето кои доаѓаат овде. И глетката е прекрасна!
Мари Кил