Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обуката за проектот: “Fight Against and Prevention of Sexual Cyber-Bulling and Sexting“ во Грција.
Место: Неа Макри, Грција
Датум: 16.6-25.6.2022
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NVO PRIMA
Обука: “Fight Against and Prevention of Sexual Cyber-Bulling and Sexting” во рамките на Еразмус+ проектот “It has to be love” кој има за цел да ги едуцира младинските работници, проектниот тим или искусни волонтери во однос на превенција од сексуално сајбер-малтретирање и секстинг.
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Fight Against and Prevention of Sexual Cyber-Bulling and Sexting“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 02.06.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.