Здраво!
Јас се викам Аник и имам 18 години.
Родена сум и израсната во Бремен, Германија, каде што го поминав целиот мој живот. Само што завршив средно училиште и по хаотичната визна постапка – конечно сум тука во прекрасното Скопје.
Патував многу, но никогаш претходно не сум била во Македонија, па бев љубопитна за културата и за земјата. Како најмала од четворица браќа и сестри, навикнав да бидам со луѓе, но, исто така, ми треба простор и време за читање, цртање, слушање музика или одмор. Во иднина сакам да работам со деца, ова беше и мотив да работам во „Златан Сремац“ – училиште за деца со попреченост.
По фрустрирачката ситуација за школување поради „Ковид-19“, среќна сум што сум тука и учам повеќе за оваа нова култура, нови луѓе и новата јас.
Ви благодарам што ме примивте во вашето и мое ВЦС-семејство.
Аник Фасолд