You are currently viewing Hola hola to our four new VET students from Spain!

Hola hola to our four new VET students from Spain!

Минатиот петок, четворица млади шпански студенти пристигнаа во Скопје. Откако тука го поминаа првиот викенд, тие дојдоа во канцеларијата на Волонтерски Центар Скопје за да се запознаат со нашата работа. Направивме кратки интервјуа со нив и дознавме дека ќе имаме работа со исклучително уметничка група. Многу музичари! Секако, заедно уживавме и во пица. Нема подобар начин за пречек на гости отколку со пица!

Сите четворица студенти учат „слика и звук“ во Хуеска и тие се дел од „VET“програмата за стручно образование и обука. Станува збор за програма што испраќа студенти во странство и им обезбедува пракса во врска со нивната професија. Групата ќе остане 40 дена во Скопје. Тие ќе стекнуваат искуство, работејќи во ТВ „Алфа“.  ВЦС е нивната организација – домаќин, додека „Asociacion Mundus“ е организацијата – испраќач. Да ги запознаеме Елиас, Себастијан, Едуардо, Нереа и Сандра:

 

 

Елијас, 21 година

Елијас е од Хуеска, а родителите имаат мароканско потекло. Во слободно време ужива да создава музика и да игра фудбал. Покрај тоа, тој е диџеј и емитува стримови на Twitch.

Одлуката да дојде во Македонија ја донел спонтано. Првичниот план за патување во Грција бил откажан поради пандемијата. Сепак, тој сега ужива целосно во своето време. „Ја сакам целата природа тука. Сакам да одам на планина и да пешачам. Јас веќе се вљубив во Македонија “.

За Елијас е првпат да зборува англиски јазик. Затоа, неговата најголема желба е да ги подобри своите јазични вештини во следните 40 дена.

 

Себастијан, 20 години

Дваесетгодишниот студент е Колумбиец, кој живее во Шпанија. Покрај студиите, тој е и музички продуцент. Свири гитара, бас и пијано. Исто така, тој е заинтересиран да слуша и да создава рап во слободен стил.

За неговата одлука да дојде во Македонија, тој вели: „Тоа е земја за која ме интересираше, но ако не беше оваа можност, претпоставувам дека немаше да дојдам тука, барем не во скоро време“. Особено е заинтересиран за мултикултурното општество и балканската историја.

Себастијан не дојде со никакви очекувања. Тој ќе види што носи времето – досега неговиот впечаток е многу позитивен.

 

Нереа, 19 години

И Нереа потекнува од малото место Хуеска во близина на Сарагоса. Пред да започне да студира „слика и звук“, таа посетуваше петгодишно музичко школо.  Таа со многу страст свири на гитара.

Нејзината главна цел е да го подобри својот англиски јазик. Покрај тоа, таа со нетрпение го очекува искуството во ТВ „Алфа“. Нереа е желна да научи за различните култури во земјата. „Пребарував на интернет и открив дека во Скопје има многу различни култури. Исто така, знаев дека во ВЦС има волонтери со различен бекграунд и тоа ми ми се допаѓаше“.

Таа е особено возбудена да го запознае светот на камерите, светлата, микрофоните и уредувањето.

 

Едуардо, 18 години

Од Сарагоса ни доаѓа Едуардо Езкера, 18-годишно момче кое се преселило во Хуеска за да студира и да живее со „компањерите“ во заеднички стан пред да дојде во Македонија.

„Во Македонија ќе можам да учам работа на ТВ. Ми се допаѓа делот од звукот, но сакам да ги испробам сите оддели – затоа дојдов. Звукот е делот што навистина ми се допаѓа“, вели младиот диџеј.

Првичниот план и нему му беше да оди во Грција, но програмата беше откажана поради пандемијата. Но, сега е пресреќен што е во Македонија. „Моето прво очекување е да го вежбам англискиот јазик, а исто така, сакам да видам како се одвиваат работите зад камерите“, споделува љубопитното момче.

 

Сандра, наставник и водач на тимот

Групата за стручно образование и обука пристигна со еден наставник. Сандра ги придружуваше до Скопје. И таа е заинтересирана да го подобри својот англиски јазик. Исто така, патувањето е голема страст за неа. Сепак, таа ќе се врати во Шпанија следната недела поради професионални обврски.

„Останувам само една недела, бидејќи мислам дека им требам на моите ученици и на шпанската влада“.

 

ВЦС е среќен што станавте дел од нашата организација! Со нетрпение ја очекуваме соработката и веруваме дека ќе имате исклучителни 40 денови!