Волонтерски Центар Скопје бара 4 млади луѓе и младински работници (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во ”Volunteering connecting communities“.
Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 20.4 – 28.4.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
На семинарот 20 младински работници од различни земји ќе имаат можност за вмрежување и зајакнување на експертизата во нивните области, со фокус на одржливост на волонтерските центри и активности. Проектот има за цел да го зголеми потенцијалот на младите-посебно на младите со помалку можности-во граѓанско образование и волонтерство, како на нацинално така и на меѓународно ниво.
За повеќе информации: Volunteering connecting communities infopack
Партнери на проектот: Udruzenje “Mladi Volonteri”, Beyond Barriers, Волонтерски Центар Скопје, Asociatia Allons-y, Luventa
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Трошоците за ПЦР тестот ќе бидат покриени. Превозот ќе биде организиран од ВЦС.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering connecting communities“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 11.4.
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.