You are currently viewing Call for a volunteer in Portugal

Call for a volunteer in Portugal

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтер, 18-30 години, од Македонија, за учество на ЕСК проектот “Citizenship Lab” во Лисабон, Португалија.

Место: Лисабон, Португалија
Датум: Подготвителна посета за волонтерот во Португалија: 28.07 – 31.07.2021 година
Период на волонтерски сервис: Септември 2021-Мај 2022 година

!! Можни се измени во однос на датумите зависно од актуелната состојба со COVID-19!!

За проектот:

Ние сме национална организација со седиште во Лисабон каде управуваме со ЛГБТИ Центар.

Нашата мисија е општествена инклузија на лезбејки, геј, бисексуални, трансродови и интерсексуални личности во Португалија, преку широка програма за социјална поддршка која гарантира подобрување на квалитетот на животот преку: -продолжена програма за поддршка, -борба против дискриминацијата базирана на сексуалната ориентација, родово изразување и идентитет и сексуални карактеристики, -промовирање на граѓанство, човекови права и родова еднаквост.

Вие ќе помагате за креирање и динамика на локални настани и групни активности како Караоке вечери, филмски вечери, тематски прослави, округли маси, работилници, изложби и специјални денови како денови на претставување и меморијални денови или социјални вечери за Божиќ, како и Новогодишни прослави.

Повеќе информации во ИНФОПАКЕТОТ

Проектен партнер: ILGA Portugal – Intervenção Lésbica, Gay, Bissexual, Trans e Intersexo, основана во 1995 година. ILGA Portugal е најстарото и најголемо НВО кое се справува со заштита и промоција на правата на лезбејки, геј, бисексуални, трансродови и интерсексуални личности и нивните семејства во Португалија.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+ што значи патните трошоци (до 360 евра)  ќе бидат покриени согласно со Ерасмус+ регулативите. Сместувањето, осигурување, пари за храна и џепарлак се обезбедени!

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Citizenship Lab”)
  3. Претставете се себе си накратко и нагласете за кој проект сте заинтересирани
  4. Прикачете го вашето CV на англиски
  5. Прикачете Мотивациско писмо на англиски, со одговор барем на сл. прашања:
    • Кои сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како можете да допринесете за проектот

Краен рок за аплицирање: 30.04.2021

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.

Ги очекуваме вашите апликации!