You are currently viewing VOICES April 2021

VOICES April 2021

Aх, таа пролет!

Конечно се чувствува пролетта. Ги слушаме птиците, го чувствуваме сонцето како ни ги загрева лицата, почнуваме да ги исфрламе шамиите и чизмите… Многу повеќе дневна светлина, многу повеќе енергија. Парковите стануваат омилена места, никој не сака да остане дома во вакви денови. Кампувањето почнува да звучи добро по неколку месеци без опција да спиете на отворено. Почнуваме да размислуваме за сите езера што треба да ги истражуваме, за сите планини за пешачење и за тоа како ќе се „пржиме“ летово. Ах, пролет, време за скокање на хормони и алергии .

Со тоа што цвеќињата кажуваат срамежливо „здраво“ и животните лудуваат од сезоната на парење, скоро е невозможно да не се сеќавате на разговорите за „птиците и пчелите“. Да, „разговорот за секс“. Веројатно има слисла покрај сите хормони и среќа во воздухот. Кој го немал тој разговор со своите родители или на училиште? Па, колку и да е тешко да се замисли, има многу луѓе кои никогаш не го имале тој говор – тој клучен и многу потценет говор.

Во Македонија, ова е прашање за дебата. Кога треба да започне сексуалното образование? Што треба да се учи? Како треба да им пристапиме на овие теми? Дали културата и религијата треба да влијаат на тоа? Одговорите се разликуваат, но главната цел секогаш треба да биде ‘бидете информирани, здрави (и физички и психички) и заштитени’ како што објасни Симона Георгиевска, помлада сеопфатна сексуална едукаторка за VOICES. Уживајте во априлското издание и останете безбедни!

Руте Кардосо

ВОИСЕС април 2021