Волонтерски Центар Скопје на ден 22 септември во просториите на Општина Кисела Вода – Скопје одржа панел дискусија на тема ,,Младите и Европа’’ како дел од проектот „Младите и европските вредности“ во имплементација на Коалиција на младински организации СЕГА, а поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации. Модератор на настанот беше Андреј Наумовски, проект координатор од ВЦС, а панелисти беа претставници од Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт, Општина Кисела Вода, невладината организација Институт за европска политика (ЕПИ) и младинскиот активист Дарио Королија. За досегашните активности и резултати од проектот презентираше Јосип Гегај, волонтер од ВЦС. Панелистите ги презентираа програмите и активностите на своите организации поврзани со промовирање на европските вредности, додека активистот Дарио го презентираше неговото лично искуство со европски проекти. По завршувањето на излагањата имаше дискусија, прашања и разменување на мислења и идеи со панелистите и учесниците.
#coalitionsega #youth #EuropeanValues #mladi