You are currently viewing Повик за волонтери во Бугарија!

Повик за волонтери во Бугарија!

Повик за волонтери во Бугарија!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 2 волонтера од Македонија за учество на ЕСК проектот „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“, во Софија, Бугарија.

Место: Почеток на 01.02. 2021 година или на 01.06.2021 година, во траење од 4 месеци (две можности за избор)

Датум: Софија, Бугарија.

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот е за работа со деца и млади луѓе со посебни потреби, подучување музика, танц, уметност и изработка на промотивни видеа. Развој на социјални вештини при неформални активности во училишта, центри во локалната заедница.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Art Center Karnolsky, Website , Facebook

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлук и храната се обезбедени.

Апликација:

Испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:

Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Enviroment matters“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 27.09.2020

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.