You are currently viewing На ЕСК-проект во Сплит: прилика која се случува еднаш во животот

На ЕСК-проект во Сплит: прилика која се случува еднаш во животот

Здраво јас сум Александра, волонтерка во невладина организација „Сунце“ која моментално живее во Сплит – Хрватска.

Зошто ЕКС волонтирање? Потребата од промена во овој брз начин на живот ме натера да размислам за оваа можност. Прво бев испла,шена и без храброст. Ми требаше многу време за одлука, но на крај се одлучив со голема подршка од мојте пријатели. Кога го видов волонтерскиот проект за Хрватска си помислив зашто да не?

Како е чуството? Мојата авантура започна пред две недели. На почеток беше чудно да се излезе од таа комфортна зона која сите ја имаме, во нова средина, со нови луѓе. Но, како поминуваа деновите – чувствата се други. Сега мислам да се биде волонтер е супер! Не си ограничен со работа, време и обврски. Отсекогаш сум била повлечена во својата комфортна зона оваа прилика ме смени, никогаш не сум ни помислила дека ќе бидам тука каде што сум.

Зашто „Сунце“? Ја одбрав оваа средина и тема поради желбата да се помогне во активностите и настаните во „Сунце“ и да се научи за заштита на животната средина. Мисијата на „Сунце“ е како една од водечките хрватски организација која едуцира, договара и информира за заштита на природата, допридонесува во зголемување на совеста на морска средина и улогата на морето за одржување на животот на планетата земја. Главната цел е рециклирањето, информирање и едуцирање за повторна употреба на пластика и хартија. Мојата улога е повеќе знаење за дома! Нашите волонтерски активности се учествување на едукација на деца за рециклирање и биоотпад, правење слики, маски и уметнички дела со деца од рециклирана хартија и пластика, чистење на плажи, едукација со докуметарни филмови за млади со еко тема, организирање  размена на стари предмети кои луѓето ги донираат. Запознавање на волонтери од други невладини организации и нивните обврски и, секако, дружба и забава.

Совет за сите млади ова е прилика која се случува еднаш во животот и вреди да се искуси. Чуството е одлучно, запознавање на млади луѓе кои ја имаат истата цел како и тебе, учење, можноста да се надоградуваш и да се спознаваш себеси. Според мене чуството може да се искуси, но не да се раскаже.

Александра Николоска

ЕСК-проект: “Solidarity for Green Dalmatia”.