(Македонски) БЕЗ РАСПРАВАЊЕ

(Македонски) БЕЗ РАСПРАВАЊЕ

Волонтерски Центар Скопје во периодот од 1 јули до 30 ноември ќе го реализира проектот „Без расправање“ во три мултиетнички општини во Македонија, Скопје, Струга и Гостивар. Главна цел на проектот е да ја зголеми свесноста на младите за важноста на интеркултурната комуникација и интеракција. Имено, проектот ќе овозможи интензивна и блиска интеркултурна комуникација и интеракција помеѓу младите средношколци, спознавање на различните културни вредности и традиции и нивно прифаќање. Спознавањето на културните вредности и традиции е круцијално за создавање и надоградување на интеркултурната комуникација. Следна фаза е интеракцијата, односно прифаќањето на културните различности и подготвеноста да се создаде кохезија преку културните различности. Во рамките на проектот предвидиени се различни активности и задачи кои ќе ја зголемат младинската интеркултурна комуникација и интеракција. Покрај останатите активности ќе биде организиран петдневен камп во Струга со млади на возраст од 16-18 години од различни етнички заедници од Скопје, Гостивар и Струга, врснички работилници, форум театар и изработка на сликовница за интеркултурна комуникација. Целта на проектот е да ја зголеми културната комуникација меѓу младите и во исто време да им овозможи да ги спознаат вистинските заеднички потреби како што е маргинализацијата на младите и други предизвици во општеството кои не се во можност да ги увидат поради ниската интеркултурна комуникација и интеракција.
Зголемена свесност за културните разлики помеѓу младите од различни етнички заедници; Прифаќање на културните разлики од страна на младите со различна етничка припадност; Зголемена интеркултурна комуникација помеѓу младите од различни етнички заедници се дел од резултатите кои ќе бидат постигнати. Целна група на овој проект се младите од 16 до 18 години од разлини етнички заедници од Скопје, Гостивар и Струга.

Проектот е финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија во рамки на програмата за локални иницијативи.