Борбата против говорот на омразата продолжува

Борбата против говорот на омразата продолжува

Проектот „No Hate Speech: Methods and Techniques Combating Hate Speech“ кој е фаворит за добивање на „Inspiring Project of the Year Award“ од страна на Португалската национална агенција се приближува до својот крај.

Двете активности, тренинг курсот во Струга, Македонија и семинарот во Брага, Португалија им овозможија на младински работници и лидери од 13 различни земји за да ги зголемат своите компетенции во полето на младинската работа. Целта на проектот беше учесниците да ги подобрат своите вештини поврзани со борбата против говорот на омразата како на интернет така и во вистинскиот живот, создавање на социјално вклучувачки општества и заедници врз основа на почитување на правата на најранливите групи (Рома, ЛГБТИКју+, бегалците и мигрантите). Учесниците се стекнаа со повеќе теоретско и практично знаење во областите на социјално исклучување, дискриминација и говорот на омразата и ефективната борба против сите нив, користење на медиумски алатки и создавање и реализација на кампањи за борба против социјалното исклучување, дискриминацијата и говорот на омразата.

Учесниците како младински работници и лидери ќе го рашират своето знаење во нивните заедници преку работилници и врсничко образование. Како дел од проектот произлегоа и неколку видеа и галерија на слики што ќе помогнат да се рашири зборот и подалеку и по завршувањето на овој проект, на партнерите кои се дел од истиот како и заедниците каде што тие дејстуваат.

Да продолжиме да се бориме против говорот на омразата, дискриминацијата и социјалното исклучување секој ден.

Погледнете ги видеата и фотографиите во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=fSg-fpYtut8

https://www.youtube.com/watch?v=6Z5t54TzQPs&t=7s

https://www.youtube.com/watch?v=Gudp6ZiTdow