Волонтерски Центар Скопје има потреба од 4 Македонци кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Албанија, Романија и Србија во семинарот „Volunteering connecting communities“ Сараево, Босна и Херцеговина.

Место:

Сараево, Босна и Херцеговина

Датум:

16.12. – 23.12.2019

Накратко за проектот:

Овој проект има за цел да го зголеми потенцијалот на младите на полето на граѓанска едукација и особено волонтерството преку активнмости за градење на капацитети на младински работници како целна група кои работат со млади луѓе со помалку можности на локално и европско ниво. Проектот, исто така има за цел да го зголеми квалитетот на младинската работа преку размена на искуства и градење на одржливи партнерства помеѓу партнерите на конзорциумот и други НВО и институции во истите земји.

 

Учесниците…

– мора да имаат навршено 18 години

– да зборуваат добро англиски јазик

– да се младински работници (или поврзани со младинска работа)

 

Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата, значи патните трошоци ќе бидат рефундирани согласно со регулативите на Еразмус+(180 евра за македонски учесници). Храната и сместувањето се обезбедени.

За повеќе детаљи погледнете го инфопакот!

Аплицирајте СЕГА: испратете мотивационо писмо со одговори на следните прашања:

Кој сте? На која возраст сте? Зошто сакате да учествувате? Како ќе придонесете кон проектот?

и CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

 

!!! Краен рок за аплицирање: 05.12.2019 !!!