You are currently viewing Woman, Man or Human

Woman, Man or Human

Волонтерски Центар Скопје има задоволство да ве покани за настанот „Woman, Man or Human“ (Жена, Маж или Човек) што ќе се одржи утре, 12 април, во ГЕМ клубот (Менада). „Woman, Man or Human“ е настан креиран во рамките на локалниот проект на Волонтерски Центар Скопје “Премостување на поделените заедници преку младинска работа”, кој на група од 30 млади луѓе кои доаѓаат од Скопје им овозможува да ги подобрат своите вештини во областа на комуникацијата, управување со конфликти и со проекти, како и реализирање разни идеи во акции (кампањата за студентска мобилност МРДНИ СЕ, кампањата „Нахрани го мозокот, наместо телото“ одразувајќи го прашањето за исхрана и нутриционизам меѓу младите луѓе во Скопје). Главната цел на настанот е да се рефлектираат родовите улоги во македонското општество, за време на кој ќе бидат прикажани еден краток и еден долгометражен документарен филм, а учесниците ќе имаат можност да земат учество во дискусија вклучувајќи и гостин говорник: г-ца Елена Спасовска која доаѓа од одделот за Родови студии при Филозофскиот факултет, Универзитет Св Кирил и Методиј – Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте со нас: vcs_contact@yahoo.com.