You are currently viewing Повик за волонтер во Хрватска!

Повик за волонтер во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Solidarity for Green Dalmatia 2021” во Хрватска.

Место: Сплит, Хрватска

Датум: Мај 2022 – Декември 2022 (осум месеци)

Повеќе за проектот:

Тема на проектот:
Заштита на животната средина и одржлив развој;
Работа со млади;
Донесување позитивни промени во заедницата и промовирање на солидарноста

За повеќе информации:  INFOPACK

Организација-домаќин: Association for Nature, Environment and Sustainable Development Sunce

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, транспорт, храна и џепарлак.

Како да аплицирате?

  1. Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Волонтер од Македонија,“Solidarity for Green Dalmatia 2021”)
  3. Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
  4. Приложете го вашето CV на англиски јазик
  5. Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:
  • Кој си ти?
  • Колку години имаш?
  • Зошто сакаш да учествуваш?
  • Како ќе допринесеш за проектот?

!!Краен рок за аплицирање: 5.05.2022!!

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!