Bonjour à tous•te•s
Моето име е Карол. Имам 24 години и доаѓам од Тулуз, во Окситанија, јужниот дел на Франција помеѓу Пиринеите и Средоземното Море. Сиве овие 24 години од мојот живот живеев во иста куќа, на исто место со сите мои пријатели и семејството. Никогаш не се отселив од мојот град и овој сон да патувам низ светот, да откривам нови култури и да запознавам нови луѓе, нови пријатели од различни земји… го чував уште кога бев дете.
Всушност, реков 24 години, но најверојатно е 23 години. Пред да дојдам во Македонија и во ВЦС, околу 7 месеци бев волонтер во Аугсбург, Баварија (Германија). Таму работев во кафуле за солидарност каде готвев француски специјалитети и пробував (неуспешно) уметности со капучиното. Но, што е најважно, им помагав на бегалците со здружението Tuer an Tuer преку разговори на германски во попладневните часови и културни настани за подобра интеграција во земјата.
Ова искуство на волонтирање беше голема пресвртница во мојот живот, па не можќев само да си заминам дома по неговото завршување. Затоа решив да се вратам и да одберам волонтирање во Македонија. Овој пат, во земја и регион за кои ништо не знаев.
Поминаа само 4 дена откако пристигнав, но откако стапнав на македонското тло, сакав да научам сè за културата, историјата и традициите на земјата кои изгледаат толку различни од она што го доживеав во Франција. Веќе се чувствувам добредојдено овде од сите во нашето ВЦС-семеејство и едвај чекам да ја поминам оваа двомесечна авантура.
Освен сето тоа, јас сум огромен љубител на кучиња, сакам да цртам во слободното време или, исто така, да одам на часови (упс). Исто така, сакам да слушам стари приказни и легенди, хорор филмови со духови и чај од таро меурчиња.
Се гледаме во Скопје!
Карол Алиберт