You are currently viewing Повик за младинска размена во Данска

Повик за младинска размена во Данска

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество на mладинската размена „NO Hate Speech“ во Данска.

Место: Архус, Данска
Датум: 14 – 23.5.2022

За проектот:

Младинската размена за проектот „No Hate Speech / Без говор на омраза“ има за цел да ги поттикне младите да се осврнуваат на „онлајн“ и „офлајн“ говорот на омраза и да ги зголемат нивните компетенции за користење медиумски алатки за борба против говорот на омраза.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: EUCMC Aarhus

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+ (до 275 евра).  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “NO Hate Speech“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 19.04.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.