Мoi!
Се викам Аниина, имам 23 години и доаѓам од Финска.
Цел живот живеам во Финска, но сега ја пронајдов оваа авантура што многу ме возбудува и прави љубопитна. Сега конечно пристигнав во Македонија.. И веќе ја сакам!
Во Финска имам прекрасно семејство, неверојатни пријатели и имав одлична работа. Сепак, се прашував „зошто чувствувам дека нешто ми недостасува во животот“. Навистина сакав да го најдам ова парче што недостасува и да го пополнам. Сакам да патувам и да запознавам нови култури, па се приклучив на групата на „Фејсбук“ каде што се бараа меѓународни волонтери. И го најдов постот за Волонтерски Центар Скопје. Набргу бев на состанокот на ZOOM и силно се заинтересирав за доаѓање тука. Малку се плашев, но тогаш решив дека ќе го направам ова и еве ме.
Мислам дека ова патување ќе ми донесе многу во животот. Нова земја, нови луѓе, различна храна и работа со неверојатни соработници. Едвај чекам да им кажам на сите мои пријатели за она што го доживеав и научив овде. Навистина се надевам дека ако некој сонува да работи на меѓународно ниво, но се плаши да го стори тоа, само тргнете по тоа и ветувам дека нема да зажалите.
Аниина Ниеми