Мoi! Јас се викам Таика и доаѓам од Хелсинки, Финска. Ја посетив Македонија неколку пати претходно, како и ВЦС, но овојпат сакав одвнатре да видам како работи организацијата. Затоа, исклучително сум среќна што следната година ќе ја поминам тука.
Во Финска работев како медицинска сестра. Иако тоа е моја страст, сакав да пробам нешто поразлично од она на што сум навикната. Тука имам совршена шанса да го направам тоа (и да патувам во исто време!).
Дефинитивно не сум од оние кои остануваат на исто место. Ќе ме најдеш како одам по случајни места и разговарам со случајни луѓе. Мислам дека тоа е најдобриот дел од патувањето, бидејќи секогаш можете да научите толку многу од другите луѓе. Исто така, секогаш сум подготвена за играње карти и други друштвени игри или одење на кафе низ град. Возбудена сум што ќе ги доживеам сите овие работи во следниот период и ќе добијам неверојатно искуство!
Таика Соихту