Здраво, јас се викам Решит, доаѓам од Турција и имам 19 години. Минатото лето завршив средно училиште. Во септември започнав со универзитет и поминував повеќе време на нови хобија. Едно од нив беше да се истражуваат волонтерски проекти. Можам да кажам дека речиси се пронајдов во ова поле. По долго пребарување, пронајдов проект за мене преку Волонтерски Центар Скопје. Неговото времетраење (два месеци), целите и она што ќе го направиме беше како скроено за мене. Навистина сакав проект преку кој ќе истражувам различни култури и луѓе.
Во слободното време сакам да свирам гитара, да гледам ТВ-серии и да поминувам време надвор. Работам како волонтер во младинскиот центар во мојот град во Турција и, исто така, сум член на невладината организација „Сијамдер“. Сигурен сум дека ќе додадам уште нови хобија на мојата листа во следните два месеци.
На крајот, би сакал да му се заблагодарам на тимот на ВЦС што ме прифати. Благодарение на нив повеќе ќе се развивам и ќе се фокусирам на различни области. Нека започне шоуто!
Решит Ефе Бајрам