You are currently viewing Welcome Paul, our new volunteer from France!

Welcome Paul, our new volunteer from France!

Добро утро на сите!

Моето име е Пол (за поблиски пријатели) и доаѓам од Франција, малото гратче Дижон. Откако ја стекнав мојата диплома по литература, дополнително работев во разни дејности: фабрика, фарма, продавница. Сепак она што најмногу ме промени беше работата во граѓанската служба во пензионерски дом. Таму ја стекнав мојата желба да помогнам, да научам, да запознавам нови луѓе и да бидам оној кој навистина сум.

Оној кој навистина сум, изгледа како да е малку срамежлив на почеток но потоа сѐ е во ред. Се обидувам да бидам отворен колку што е можно повеќе, со разбирање и се преиспитувам себе си постојано. Се обидувам да бидам искрен со себе и со другите. Научив да свирам пијано, пишувам романи и поезија, произведувам сопствено пиво и ги сакам животните и природата. Се обидувам да откријам и засакам многу работи наеднаш. Тоа доаѓа од мојот креативен дел кој целосно ме поседува, но другиот, откачениот дел е целосно поинаков.

Ќе бидам во ВЦС на два кратки месеци и сакам да ги направам исплатливи: да пишувам текстови за споделување на моите идеи, да откривам и да ја ставам во акција мојата љубопитност со моите врсници, да научам и да ги подучам другите, да се обидам повторно и повторно. Го избрав ВЦС бидејќи сакам да пишувам и сакам да работам со деца. Имам можност да запознаам земја, култура и луѓе за кои никогаш не сум помислил дека еден ден ќе бидат во мојата агенда.

Како за крај, споредбено: во Франција, Дижон е попознат како престолнина на сенфот и тоа треба да се смени бидејќи има и други работи да се видат. Истиот стереотип се однесува и за Македонија (Македонија-овошна салата), зошто верувам дека има толку многу да се открие.

Пол Јанишевски