You are currently viewing Добредојде на Лусил, нашата нова волонтерка од Франција!

Добредојде на Лусил, нашата нова волонтерка од Франција!

Здраво на сите!

Јас сум Лусил од Бретања (најдобриот регион од Франција!). За време на моите студии од Меѓународен бизнис имав можност да живеам помеѓу шест и дванаесет месеци во Бразил, Кина, Индија, Индонезија и Виетнам. По моето магистрирање се вратив во Индија на 2 години да работам како бизнис менаџер во локална консултантска фирма каде бев асистент на француските компании да зголемат можностите понудени од индискиот пазар.

Сакам да патувам и фотографија. Имав можност да посетам 4 од 7-те Светски Чуда досега: Исус Спасителот (Бразил), Големиот Ѕид (Кина), Колосеум (Италија) и се разбира, Таџ Махал (Индија). Учењето јазици е уште една моја страст: зборувам француски, англиски, шпански, португалски, кинески и по малку хинду, индонезиски и италијански.

Поради мојот голем интерес за земјите во развој решив да се вклучам во проектот на Европскиот Солидарен Корпус во Волонтерскиот Центар Скопје на два месеца. Веќе имам учествувано на проект за неформално образование во Романија во 2018 година и навистина уживав во споделувањето на моето меѓународно искуство и познавање на светот со младите. Македонија е непозната земја за многу луѓе од Франција и очекувам да дознаам многу повеќе за македонската култура и јазик за време на мојот престој овде.

Лусил Геган