Јас се викам Матиу, имам 19 години и доаѓам од Франција. Многу сакам фотографија, видеа и видео-игри. Кога имам време, практикувам барем една од овие три работи.
Моето школување запре со стекнувањето на диплома за завршено средно образование и, всушност, откако донесов одлука да излезам од мојата удобна зона и да правам работи, за кои засега не се чувствувам способен да ги сработам. Така, дојдов во Македонија да волонтирам во ВЦС. Ќе пишувам статии, ќе правам фотографии за нив, како и за сите настани што ќе ги имаме.
Го правам ова за да се предизвикам себеси. Секако дека на почетокот е предизвикувачки, но убеден сум дека наскоро работите ќе си легнат на место. Најкомплицирано ми е зборувањето на англиски, бидејќи ми треба подобрување. Но, тоа ми е дополнителен мотив да не се предавам, туку да се потрудам повеќе. Секој од нас мора да напредува на различни начини и на различни полиња.
Јас сум човек кој навистина не сака промени, така што доаѓањето во Македонија е најголемата работа што сум ја направил. Мислам дека подоцна ќе се гордеам со себе затоа што сум ги надминал грижите и стравовите.
За да ја завршам мојата мала презентација, би сакал да им порачам на младите луѓе и на другите без оглед на возраста да се соочат со своите стравови и да ја искористат секоја прилика да ги победат. Ајде да уживаме во убавите работи достапни на овој свет.
Матиу Трупан
Организација-испраќач: ADICE