Здраво! Јас се викам Кимберли, имам 19 години и доаѓам од Аруба. Завршив средно училиште минатата година и решив да направам пауза од една година во образованието за да работам, но и да си посветам внимание.
Во Аруба, бев дел од група на млади што волонтиравме во различни организации, без разлика дали тоа беше во засолниште за животни или пруѓање помош при собирање парични донации. Така развив љубов кон волонтерството. Ова влијаеше на мене да се приклучам на програмата „Еразмус+“ и еве ме во ВЦС. Многу сум возбудена што сум тука, се надевам дека ќе научам многу и ќе бидам од корист.
Во слободното време, уживам да слушам и да свирам музика. Исто така, сакам да учам за историјата и да посетувам музеи. Сакам „случајни“ информации и да учам. Посакувам да сум бесмртна за да имам доволно време да научам сè. Но, сега за сега, ќе одам ден за ден.
Кимберли Херонимо
Кимберли дојде во Македонија за краткорочен ЕСК проект во ВЦС.
Организација-испраќач: CEDE Aruba