You are currently viewing Добредојде Тара од Аруба!

Добредојде Тара од Аруба!

Здраво на сите! Моето име е Тара, имам 19 години и доаѓам од сончевиот остров наречен Аруба. Првите мои години ги поминав во Холандија па се преселив на Аруба кога имав 8 години. По моето волонтирање овде ќе се преселам пак во Холандија каде ќе студирам применета Биологија.

Минатата година завршив средно и се одлучив на една година паузирање. Причината за тоа беше затоа што не можев да се одлучам целосно што сакам да правам во животот. Мојата цел сега е да се здобијам со искуство кое ќе ми помогне да сфатам конечно. Исто така би сакала да пропатувам малку по светот пред да почнам со студии.

Во слободно време ја сакам фотографијата, да слушам музика, танцувам, гледам филмови, да поминувам време со семејството и пријателите и, се разбира, пишување. Отсекогаш сум го сакала пишувањето кое ни овозможува да се изразиме и да ја користиме креативноста. Исто така овозможува да ги инспирираме останатите, што сметам дека е прекрасно. И нестрплива сум да видам каде ќе ме однесе ова волонтерско искуство!

Тара Ричардсон

Тара дојде во Македонија за краткорочен ЕСК проект во ВЦС.

Организација-испраќач: CEDE Aruba